Урнал ѕид во подрумот и открил дека зад него има тунел, па уште еден, па уште еден... Случајно го открил подземниот град кој може да смести до 50.000 лица

Кога Турчин во Кападокија почнал да ја реновира куќата во 1963 година, открил нешто неверојатно. Жител на денешен Деринкују урнал ѕид во подрумот на својата куќа и открил дека зад него има тунел, потоа друга соба, па друга, па друга…

Така, случајно е откриен најголемиот подземен град во Турција, кој бил закопан на 85 метри под површината на земјата. Овој необичен подземен град со право може да се каже дека е инженерско ремек дело и големо археолошко откритие.

Низ него тече вода за пиење, има системи за вентилација, индивидуални станови, продавници, бунари, простории каде се чувало оружје, па дури и гробишта. Во градот било пронајдено дури и училиште, како и посебни простории во кои се чувале животни. 

Досега се откриени 52 отвори за вентилација, а откриено е и дека не сите извори на вода биле поврзани со површината, веројатно поради страв дека напаѓачите би можеле да ја отрујат водата.

Се претпоставува дека овој подземен град кој можел да прими до 50.000 луѓе настанал во 17 или 18 век п.н.е. 

За време на подемот на Персиската империја, градот се користел како населба за бегалци, подоцна како засолниште од инвазиите на Римјаните и Арапите.

Овој импресивен град не е единственото неверојатно археолошко откритие во Турција. Речиси 200 други подземни градови се откриени во негова близина, од кои најмалку 40 имаат три нивоа под земја. Севкупно, сите овие градови можеа да примат околу 100.000 луѓе.



Фото и Видео: Youtube