Уште еден огромен успех на македонскиот супер кик- боксер

Еден од најдобрите наши кик- боксери, Димитар Ѓорѓиев, на WAKO светскиот шампионат во кик- бокс што се одржа во Анталија, Турција, се закити со третото место во многу силна конкуренција.

Тој се натпреваруваше во категоријата до 84 кг, а со него беа уште неколку наши кик- боксери.

Второто место го освои Лебо Матеј од Хрватска, а првото, Един Вучељ од БиХ.

Димитар го подели третото место со италијанецот Борело Рубен.

За потсетување, Ѓорѓиев е трикратен светски првак во кик- бокс и едниствен од Македонија на кој му успеало тоа.

Честитки од тимот на Машки магазин

Н.Т.