Уште еден великан влезе во фудбалската историја: Ибрахимовиќ фуриозен

Фудбалската легенда синоќа испиша нова страница во фудбалската историја на градот Милано. Поранешниот шведски репрезентативец Златан Ибрахимовиќ кој наскоро ќе наполни 39 години, постигна два гола победата за Милан над Сампдорија (4:1),  а со тоа стана првиот играч во историјата кој постигнал најмалку 50 голови за великаните од Милано, Интер и Милан.

Ибрахимовиќ во дресот на Интер одиграл 88 натпревари, на кои постигнал 57 голови, додека за Милан во кариерата има одиграно 78 натпревари, на кои постигнал 51 гол.

Во свој стил тој по натпреварот го коментирал ова неверојатно достигнување.

„Луѓето говорат дека сум стар и уморен, а јас се уште се загревам. Јас сум како Бенџамин Батон, само што секогаш сум бил млад“, рекол Ибрахимовиќ алудирајќи ја филмскиот јунак кој се родил како старец, па се подмладувал додека не станал бебе.