Уште нероден ја спаси: Братот ѝ помогна на сестрата да преживее

Петгодишната Кејти Требинг е родена со крвно нарушување што предизвикало таа да оди на трансфузија на секои три недели. Нејзе ја спаси генетски направениот брат.

Девојчето е родено со анемија „Дијамант Блекфан“ или нарушување на коскената срцевина, кое напаѓа 30 од родени четири милиони новороденчиња во САД и Канада. Ова значи дека нејзиното тело никогаш не можело да произведе црвени крвни клетки.

„Ова е доживотен процес, а повеќето пациенти не доживуваат 40 години живот заради оштетување на црниот дроб и срцето“, рекоа родителите Стив и Стејси неодамна.

За да го спасат нејзиниот живот, лекарите им понудиле на родителите неколку опции. Покрај трансфузијата, постои можност за земање на стероиди што доведуваат до прекумерни флуктуации на телесната тежина и може да го спречат неговиот понатамошен раст и развој и да предизвика оштетување на црниот дроб. Третата и последна опција била мајката на Стејси да забремени и да се породи со користење на генетско инженерство за Кејти да добие брат или сестра, што може да биде потенцијален донатор затоа што ДНК-та на нејзиниот брат Калвин (нејзиниот поголем брат) не одговарала на нејзината.

Тогаш се роди Кристофер, од чие тело лекарите повлекоа дел од коскената срцевина и го вметнаа во нејзиното тело. На крајот Кејти започна со производство на црвени крвни зрнца, а по неколку месеци, лекарите им рекоа на родителите дека нивната Кејти е целосно здрава.