Утрински пијалак важен за нашето здравје: Чајот чува еден ВИТАЛЕН орган!

Една чаша чај ја забавува дегенерацијата на мозочните клетки и го одржува умот чист во подоцнежните години, тврдат научниците од Националниот универзитет во Сингапур. За време на четиригодишно истражување, експертите откриле дека катехините, природна состојка која ја има во чајот, ги штитат мозочните клетки од штетни протеини што се собираат со текот на годините, што помага во одржување на функцијата на меморијата. Покрај тоа, чајот содржи природен протеин танин, кој го намалува високиот крвен притисок, главоболки, замор.

Истражувањето опфатило 2.501 лица над 55 години, при што биле проверени нивната општа здравствена состојба, опсегот на внимание, како и визуелните и просторните способности. Се покажало дека испитаниците кои не конзумирале чај, покажале полоши резултати на тестовите, бидејќи нивните ментални функции се влошиле побрзо.

 Подобро организираните региони на мозокот се поврзани со здрава когнитивна функција што го штити лицето од ментален пад поврзан со стареењето. Земете го сообраќајот со автомобили како пример. Погледнете ги регионите на мозокот како дестинации, додека врските помеѓу регионите на мозокот се патишта. Кога патниот систем е подобро организиран, движењето на возилата и патниците е поефикасно и користи помалку ресурси. Слично на тоа, кога врските помеѓу регионите на мозокот се подобро регулирани, обработката на информациите може да се изврши поефикасно - објасниле истражувачите.


Извор: informer.rs

Можеби ќе ве интересира:

Спас за хроничните дијабетичари: Една чаша од овој пијалак после оброк, го регулира нивото на инсулин!

Компири како лек за мигрена и болка во вратот! Експерт откри ТРИК, кој лекарите нема да ви го кажат