Спорт // Спорт
Уживај во твоите јајца: Фудбалер награден со 5 табли јајца за најдобар играч
Во бизарен чин, на играч од замбиската лига му беа доделени 5 табли за јајца како награда за „Човек на натпреварот“.
Да, добро прочитавте, 5 табли со јајца. Ова се случи на лигашкиот натпревар во дербито Китве каде на играчот на натпреварот, Кенеди Мусонда му беа доделени 5 табли со јајца за неговиот настап. Тој постигна гол за Пауер Динамос во историскиот дерби натпревар против Нкана во Супер лигата на Замбија.
Клупските извори за медиумите изјавија дека две табли кои му биле дадени на Мусонда биле за голот што тој го постигнал, а другите 3 биле за извонреден играч на натпреварот. Но, Мусонда не беше многу задоволен од наградата како што е очигледно. Еден обожавател на објавата коментираше: „Ме растажи“.