Уживам да му служам на сопругот и да му ја исполнам секоја желба: Велат дека сум луда и срам за женскиот пол (ФОТО)

Инстаграм моделот од Америка, Моника Хулт (39) вели дека тајната на среќниот брак е мажите да бидат доминантни и дека повеќе жени треба да ја усвојат „старата школа“ улога на „традиционална сопруга“ која останува дома.

-Никогаш не бев жена која планираше да има голема кариера. Искрено, не сакам да работам, сакам да бидам домаќинка и да се грижам за мојот сопруг. Уште кога го гледав филмот "Stepford Wives", знаев дека сакам таков живот, вели таа. Моника која е горда што на прво место го става својот сопруг Џон (39).

Сепак, ваквиот нејзин став за бракот предизвикува непријатност и бес кај оние околу неа, иако, како што вели, тоа не треба баш да ги засега. Таа се присети на непријатните искуства што ги доживеала поради тоа.

-Идејата не му се допадна на еден од моите поранешни дечковци и затоа тој сега е бивш. Жените знаат да ми велат дека сум луда или дека сум срам за другите жени, но не ми е гајле. Тоа е мојот живот и го сакам таков каков што е, искрена е Моника.

Нејзиниот типичен ден се врти околу вежбање за да изгледа совршено, потоа готвење, грижа за куќата и исполнување на желбите на нејзиниот сопруг. Редовно објавува фотографии на Инстаграм каде има над 2,5 милиони следбеници.

-Џон сака кога му готвам. Секогаш вели дека храната е моја должност и сака само убава вечера. Ако ме праша за нешто конкретно, секогаш го добива она што го сака. Сака да се облекувам убаво дома, на секси-спортски начин, но  не сака да се шминкам за дома. Ми се допаѓа кога ми дава упатства како да се однесувам и што да правам, рекла таа.

-Кога тој е среќен, и јас сум среќен. Сакам да го гледам мојот сопруг среќен и мислам дека нема ништо лошо во тоа. Мислам дека мажите и жените се создадени поинаку и навистина нема ништо лошо во прифаќањето на тој факт, ниту пак е има нешто понижувачко во тоа, Така живеевме со векови, а дури сега луѓето го мразат овој начин на живот“, објасни таа.

-Кога е во прашање спалната соба, јас сум многу покорна, а тој е доминантен. Ми се допаѓа кога мажот ја презема иницијативата и го презема она што го сака. Секогаш сум му на располагање и ми се допаѓа тоа, додала таа.

Таа вели дека нејзиниот сопруг ги слуша нејзините потреби и желби и дека тоа и е многу привлечно. Исто така, иако нема традиционална работа и сака да биде домаќинка, Моника е многу успешна манекенка и заработува на социјалните мрежи.

Напоменала и дека има многу луѓе кои ја поддржуваат и мислат дека нема ништо лошо во таквиот начин на живот, пренесува The Sun.

Фото:monicahult/instagram