Вагина од челик: Крева тегови со неа
Ким Анами, жив доказ дека женскиот генитален орган (да, сепак) има заби, реши деновиве да ги покаже своите вештини на целиот свет.
Таа беше на светска турнеја од Калифорнија до Бали и им ја покаже моќта на препоните на сите засегнати страни. Во сончевата Калифорнија пак, таа ја крена даската за сурфање со вагината.
Анами славеше неодамна, кога за прв пат ја демонстрираше својата вештина и стана скоро популарна како Бјеонсе.
Таа, исто така, стана љубовен советник, па им помогна на многу жени да имаат посилен оргазам.
Својата турнеја ја нарече прилично јасно, „Моја вагинална авантура“. Пред неа има долг пат, како и напорно тренирање.
„Вагиналното сознание е клучно за секоја жена“, вели Ким Анами.
Покрај тоа, нејзината светска турнеја подразбираше дека во секоја земја таа подига работи што се поврзани со културата
на одредена земја.