Вака денес изгледа пејачот на хитот „Васко жабата“: По 9 години на забава ја изведе познатата песна-сите во транс

Веќе со недели бугарската песна „Комбајн“ или „Васко жабата“ е хит на социјалните мрежи во Македонија, но и на Балканот.

Песната е лесна за слушање, привлечна, а многумина велат дека со денови не можат да ја извадат од глава.

Оваа песна е објавена во 2013 година, но благодарение на Македонија дури сега стана хит. И не само кај нас.

Очигледно е дека и Бугарите сфатија какво богатство поседуваат, па овој хит се повеќе се бара на настапите на оркестарот, кој исто така го изведува.

Сите се прашуваат како изгледаат членовите на овој бенд денес, а особено пејачот.

На социјалните мрежи сега кружи снимка од забава на која свири оркестар, а во преден план е изведувачот.


Во споредба со видеото старо девет години, тој е многу променет. 

Кога ја отпеа „Васко жабата“ настана хаос и публиката скандираше и играше.


Фото и Видео: ТикТок