Вака се влегува на EXIT: Превозното средство на овие момци ќе се памети со години, а и ќе ве насмее (ВИДЕО)

Една група решила да се појави на фестивалот со необичен превоз

Фестивалот „Егзит“ заврши, а додека се уште се бројат посетителите, една група млади момчиња успеаја да ги воодушеват присутните и да го одвлечат вниманието од спектакуларните претстави и да останат запаметени како атракција на Exit 2024.

Имено, како што сподели Инстаграм страницата „192_rs“, една група решила да се појави на фестивалот со необично превозно средство – трактор.


Коментарите под видеото се редеа за поддршка и ентузијазам, а рамнодушни не останаа ниту другите посетители на фестивалот кои во живо беа сведоци на сцената.

„Браќа“, „Не со стил, туку со ИМТ“, „Ја кршат техниката“, се само дел од коментарите под споделеното видео.


Фото и Видео: Инстаграм