Валтер: Ние сме тим во подем, немаме што да загубиме против Веспрем

Еурофарм Пелистер утре се среќава со Веспрем на „фајнл-фур“ турнирот на СЕХА лигата во Задар.

Тренерот на битолчани, данскиот стратег Ларс Валтер, ветува голема борба со фаворитот.

Кога бев дете Пелистер беше голем клуб. Кога си на моите години понуда од клуб како Еурофар Пелистер не се одбива. Во последните неколку години овој клуб напредува и сака да се бори за титули и за големи нешта. Постоеше шанса да дојдам со високи амбиции во клубот и таа шанса не ја испуштив. Ние сме тим во изградба, имаме десет нови ракометари и нов тренер и падови и подеми се нормална појава. Водевме цело време против Мешков Брест, го имавме Урбан на голот и со малку среќа победивме. Од недела во недела се подобруваме. Нема што да загубиме утре во полуфиналето. Но, да бидеме реални утре мора да бидеме многу добри и по натпреварот да се погледнете во огледало и да кажеме дека го дадовме најдоброто од себе. Ништо не се знае, ова е спорт и сите опции се отворени“ вели Валтер.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Веспрем, се игра во арената во Задар, со почеток до 20 часот и 30 минути.