Вампир не ѝ давал да има секс: И влеал страв до коска
Триесет и три годишен маж од околината на Заечар бил уапсен поради сомнение дека преправен во вампир со денови ја плашел својата поранешна девојка и нејзиниот нов 60-годишен партнер додека имале сексуални односи.
Неверојатниот случај ја шокирал полицијата во Заечар, а ловот на вампири траел цели 10 дена, пренесува „Курир.рс“
Сакала да се убие
Четириесет и шест годишна жена влетала во полициската станица во Заечар и со испаничен глас извикала „Брзо, морам да разговарам со главниот, не можам повеќе да издржам“.
– Кога забележаа во каква состојба е жената, полицајците се загрижија и помислија дека се случило нешто страшно, дека е силувана или злоставувана, па веднаш ја однесоа кај инспекторот – вели извор за медиумот.
Таа ја започнала својата приказна со „ако вие не го уапсите вампирот, ќе се убијам!“
– Долго сум вдовица. Имам пријател и некое време сме во врска. Тој доаѓа кај мене, седиме, зборуваме, вечераме … тогаш ќе почнеме да се милуваме и кога треба да дојде до „тоа“, еве ти го вампирот! Тропа на прозорецот, се смее, а потоа ги покажува забите големи како прст! Вие и се однесува како бесен коњ. Јас и мојот маж умираме од страв. Нормално, после тоа нема секс, кој би се сексал – раскажала таа.
Жената кажала дека истото се повторува и кај неа, но и во куќата на нејзиниот партнер. Повеќе од 15 пати го виделе вампирот.
Ја нашле маската
– Десет дена полицајците работеа на случајот, веднаш знаеја дека некој од селото намерно ги саботира за време на сексот и дека не станува збор за вампир – додал изворот.
Мештаните им кажале на полицајците дека претходно исплашената жена била во врска со 33-годишниот сосед.
– Повикан е на разговор и му ја претресоа куќата. Таму се најдени вампирски заби, шминка. Притиснат со доказите, признал дека имал намера да ја плаши бившата – вели изворот.
Уапсениот „вампир“ бил пуштен на слобода и поминал само со опомена.
– Ме остави, па мислев како да ја натерам да ми се врати. Мислев дека, кога ќе виде дека мрачни сили имаат нешто против нејзината нова врска, дека повторно ќе биде моја. Го следев нејзиниот љубовник и клечев пред прозорецот. Слушав што зборуваа и се појавував во вистински момент – признал „заљубениот вампир“.