Вардар рутински со Еурофарм Пелистер 2

Вардар немаше проблеми со  Еурофарм Пелистер 2, во првата од двете пресметки (следува дуел во Купот) запиша убедлива победа со  34-23, со ова го задржа  првото место на табелата на две кола до крај на домашниот шампионат.

На натпреварот на кој Вардар комплетно доминираше и  ја оправда фаворитската улога, Филип Талески беше еден од двајцата најдобри стрелци на дуелот во СЦ  „Јане Сандански“ постигнувајќи шест гола.

.