Спорт // Спорт
Вардар се раздели со 10 свои играчи, им се заблагодари на соработката
Вардар објави дека се разделува со десет свои играи, ќе има нов тим следната сезона со кој ќе бара враќање во ПМФЛ.
Фудбалскиот клуб Вардар објавува дека со играчите Дарко Стојанов, Филип Петковски, Дарко Гроздановски, Ване Јованов, Иван Мицевски, Кристијан Костовски, Оливер Пеев, Никола Наумоски, Филип Илиќ и Трајче Стојковски е завршена соработката и тие нема да бидат дел од екипата во наредната сезона.
На сите играчи поединечно им се заблагодаруваме за професионалноста и посветеноста играјќи за клубот и бранејќи ги нашите бои и им посакуваме многу среќа и успех во нивните понатамошни кариери.