Спорт // Спорт
Вардар се засили со кадетски репрезентативец на Црна Гора, Добрковиќ ќе го носи црвено-црниот дрес
Црногорскиот кадетски репрезентативец Андреј Добрковиќ (18) е нов член на тимот на Вардар каде треба да остане во следните две сезони. Добрковиќ кој игра на позиција на среден бек доаѓа од тимот на Целје од Словенија каде досега настапуваше.
Во моментов тој се подготвува со репрезентацијата на Црна Гора за настап на кадетското ЕП што од 4 до 14 август ќе се одржи во Подгорица. Потоа ќе му се приклучи на Вардар на подготвките за новата сезона.
Добрковиќ е познато презиме што се поврзува за Вардар, бидејќи неговиот татко Марко Добрковиќ настапуваше една сезона во Вардар во сезоната 2005/2006.