Вардар „виси“, за Лигата на шампионите, Михајловски најавува разврска на суд

Вардар е можно да биде „исфрлен“ во Лигата на шампионите,  јави од свои извори „Балкан -Хендбол“, причина е  несредената финансиска ситуација, македонскиот шампион „виси“ за настап во елитното натпреварување на ЕХФ.

Епилогот се очекува до крајот на неделата, а во изјава за „Слободен печат“, сопственикот на Вардар, Михајло Михајловски, најави обид  да го реши проблемот,  клубот можеби правдата ќе ја бара и на суд.

Јас сум во Келн. Тие (Извршниот комитет на ЕХФ н.з.) го донеле тоа во петокот, предлог-заклучок. Јас ќе имам разговор со господинот Видерер (претседателот на ЕХФ Михаел Видерер н.з.). Најверојатно ќе одиме по судења. Ние денеска ќе им го напишеме тоа. Тоа е заради долговите од претходното раководство. Ова не е конечно. Ќе видиме – изјавил Михајло Михајловски за „Слободен печат“