Василев е нов голман на Рио Аве, голем чекор на младиот македонски голман во каериерата
Влатко Василев, репрезентативец во У19 репрезентацијата на Македонија, потпиша договор на три години со клубот од Португалија, Рио Аве.
Голманот Василев, е поранешен член на ФК Вардар, од 2019 година бранеше во Србија каде беше член на Динамо Врање, а беше и дел од тимовите на Црвена звезда и Графичар и Рад Београд во помладите категории.
„Благодарност до сите клубови и тренери вклучени во кариерата на Васко сите овие години и нивната улога во развојот правејќи Васко да расте и како играч и како личност. Посебна благодарност до Црвена звезда што се договори со Рио Аве и му дозволи на Васко да го направи својот следен чекор напред во кариерата. Голема благодарност до семејството на Васко за довербата во сите мои совети сите овие три години работејќи заедно. Конечно, благодарност до Рио Аве за нивната доверба во Васко да му даде платформа за неговиот развој како играч. Претстои долг пат на напорна работа и посветеност. Оди и докажи се – објави менаџерот Ѓошевски на „Инстаграм“.