Васоски си поднесе оставка, не е повеќе тренер на ФК Сараево

Александар Васоски по дербито со Железничар си поднесе оставка, средбата заврши а поранешниот тренер на Вардар и Академија Пандев заминува од клупата славниот клуб од БиХ.

„Сакам да предизвикам позитивен шок во екипата пред финалето во Купот со Вележ, заминувам од Сараево“ - изјави Васоски.

Сараево го очекува дуел со Широки во првенството , а потоа и финале во Купот со екипата на Вележ кое е закажано за  19 мај.