Ве боли грбот? Неколку едноставни правила за да не ве боли

Современиот начин на живот и фактот дека сите седиме во канцеларија на биро не поттикнува  многу движење.

Ова освен што е штетно за здравјето, исто така може да предизвика непријатна болка во грбот.

Пред сè, одете на лекар кој може да ја разбере причината за болката. Понекогаш, хроничната болка може да биде нешто безопасно или да бара подолг третман.

Но,  она што можете да направите е да настојувате да имате барем 5 минути на ден за вежби за грбот, како и да настојувате да го држите грбот исправен.

Студија спроведена во САД тврди дека луѓето кои страдаат од депресија често се жалат на болки во грбот. Ова се должи на тоа што се повеќе згрбавени од останатите и тоа го оптоварува не само 'рбетот, но и мускулите.