Ве носиме на островот Кокомо: Тропска нирвана од 150.000 долари за ноќ
Овој остров штотуку помина низ процес на реновирање вреден
100 милиони долари, и кога патувањето е конечно дозволено, ќе можете да го
имате само за себе…
Одморот на островот Кокомо звучи како совршено славење на крајот на пандемијата. Сепак, оваа тропска нирвана, сместена во недопрените води на Фиџи, сега ни се чини само сон. Проектот е на австралискиот тајкун за недвижнини, Ланг Вокер, а приватниот остров Кокомо е луксузно одморалиште вредно 100 милиони долари, со кое се слави зачудувачката природна околина, нудејќи ненадмината услуга од пет везди и целосна приватност.
Наменето пред се за бестрашните авантуристи и морнари, ова одморалиште може да смести јахти со должина до 197 стапки, и нуди низа пакети за да одговараат на различни типови гости. Посетителите можат да изберат вили на плажа или резиденции на врвот на ридот со неверојатен поглед на недопрениот пејзаж и океанот.
Ако тоа не е доволно ексклузивно за вас, Кокомо е исто така достапен за изнајмување по цена од 150.000 американски долари за ноќ. Вкупно 140 гости можат да го изнајмат на тој начин, а ако сакате, можете да го изнајмите само за себе и за вашата сакана личност, за да добиете целосен ВИП пристап до пет луксузни резиденции и 21 вила на плажа.
Што се однесува до активностите, Ленг, кој е посветен конзерваторист и застапник за животна средина, се погрижи гостите да добијат можност да ја истражат секоја педа од чистиот остров. Замислете да нуркате со ајкули, пешачење до водопад, пливање со зраци, спортски риболов и патувања во изгрејсонце. Опкружен со Големиот гребен на Астролабе, кој е полн со морски животи, Кокомо нуди некои од најдобрите локации за нуркање во светот.
Се разбира, ако овие активности ви звучат премногу напорни, можете да се опуштите и да ја испробате најдобрата фиџиска кујна во еден од трите ресторани или за време на приватно искуство.
Ве советуваме да ја разгледате нашата галерија и веднаш да започнете да штедите пари за вашиот следен фантастичен одмор.