ВЕ ПРЕКОЛНУВАМ- БИДЕТЕ ДОМА: Добро погледнете ги лицата на овие лекари и медицински сестри
За да ја направат јавноста свесна за важноста на
самоизолацијата, лекарите и медицинските сестри од Лондон споделија селфи на
социјалните мрежи и јасно
покажуваат црвени и виолетови длабоки
траги од носење маски. Бидејќи ситуацијата во Велика Британија се
влошува секој ден, здравствените работници исто така работат двојни смени за да
им помогнат на секој на кој му е потребна помош.
Докторката Натали Силви била прва што ја споделила нејзината фотографија
"Ова е лицето на една личност која штотуку поминала девет часа облечена во заштитен костум и движела пациенти заразени од коронавирус низ целиот Лондон. Се чувствувам скршено, и ова е само почеток. Навистина се молам сите да ја почитуваат социјалната дистанца и самоизолацијата. Денес видов каков е вирусот на дело, и јас само сакам луѓето да нè слушаат и да останат дома. Погледнете ме и останете дома!!!!!“
Нејзината порака беше поддржана од друг болнички персонал и ги споделија нивните фотографии од повреди и модринки.
„Ние сме оние што се наоѓаат на првата линија на одбраната. Останете во изолација и помогни ни“, споделија порака медицински професионалци од целиот свет.