Вечер на сите ракометни ѕвезди, Мукаетов со порака: Овие Македонци заслужуваат да им се заблагодариме со големо присуство

На 3 јануари во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одигра ревијалниот натпревар меѓу сегашните и поранешните репрезентативци на Македонија, кои веќе не се дел од националниот тим.

Натпреварот на деценијата, како што го нарекоа од РФМ, ќе им даде можност на голем број на ракометари кои не се простија од навивачите, сега да го направат тоа.

„Не очекува прекрасен настан, да се заблагодариме на овие 20 Македонци, кои со полно срце и посветеност играа за репрезентацијата и Македонија, сметам дека ќе биде интересно да се видат сите на едно место. Сите собрани средства ќе ги донираме во СОС Детското село“, вели Мукаетов

Од нашите легенди говореше Стојане Стоилов.

„Убав момент е да се оддаде почит на една генерација која твореше тука со години и да се даде почит на новата генерација и репрезентација, на новиот почеток. Се надевам нема да има повреди кај оние што не играле со години“ – се пошегува Стоилов …


Ревијалниот натпревар ќе се игра на 3 јануари од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.