Вечер на вкус и стил: Дегустација на Valdo вина со Алхемист во SushicoZen

Вчеравечер, ресторанот SushicoZen беше домаќин на извонредна винска дегустација што ги спои елеганцијата на италијанското вино Valdo и вкусовите на азиската кујна. Настанот, во организација на Алхемист, беше посветен на исклучителните вина од винаријата Valdo Spumanti од срцето на Венето, Италија.

Настанот го предводеа Riccardo Vеndrame, претставник на винаријата Valdo, и Јадранка Клариќ-Кимовска, искусен вински експерт, кои ја доближија магијата на италијанските пенливи вина до љубителите на вистинскиот вкус. Riccardo сподели интересни детали за историјата и филозофијата на Valdo – винарија основана во 1926 година во Венето, регионот што е синоним за Prosecco. Денес, Valdo е препознатливо име на светската винска сцена со присуство во над 60 земји и е синоним за квалитетно пенливо вино со модерен дух.

Гостите имаа можност да уживаат во четири од најпознатите Valdo вина:

  • Valdo Paradise Rosé Brut – софистицирано пенливо вино со заводливи ароми на зрела праска, круша и цветни нијанси. Свежината и елеганцијата го прават совршено за летни вечери.
  • Valdo Cuvee di Boj – комплексно и смело Prosecco со овошен карактер и суптилни ноти на бадем и мед. Совршено балансирано и долготрајно на непцето.
  • Valdo Prosecco Etichetta Nera – класично Valdo Prosecco со јасен, свеж вкус, арома на зелено јаболко, лимета и бели цветови. Природна хармонија на леснотија и фин карактер.
  • Valdo Marca Oro Prosecco Brut – плени со свежи ароми на јаболко и цитрус и лесен, овошен вкус што освежува и пријатно се задржува.

Италијанскиот карактер на вината од Valdo се покажа како совршено надополнување на префинетите азиски специјалитети на SushiCo Zen, создавајќи балансирано гастрономско доживување.

Оваа вечер беше патување низ вкусови, култури и приказни. Уште една потврда за мисијата на Алхемист – преку соработка со реномирани европски винарии и организирање на внимателно смислени дегустации,  да донесе исклучителни вински искуства поблиску до домашната публика и да постави нови стандарди на пазарот.  

Сите љубители на виното можат да ги нарачаат овие и други етикети од портфолиото на Alchemist преку Instagram профилот alchemist_mk или да ги пробаат во некои од најдобрите локали во Скопје: SushiCo, SushiCo Zen, Salvatore, Intermezzo Music Bar, Oeno Bar, Воденица, Дукат, Два Елена, Ботаника и Wineberry – Bistro & Wine Shop.

ПР објава