Вечерва отворен музички спектакл на Камерен Орекстар Битола во Скопје Сити Мол!
Веќе неколку недели празничниот базар во Скопје Сити Мол ги привлекуваат своите посетители со интересни содржини и весела празнична атмосфера, а денес во Скопје се случува една нова приказна.
Skopje City Mall со задоволство го најави денешниот музички перформанс, а тоа е концертот на Камерен Oрекстар Битола. Концертот ќе се случи на надворешниот Новогодишен базар во Скопје Сити Мол со почеток од 20:00 часот .
До сега ги видовме Тамара Тодевска, Нокаут, Саут Парк, Pancho Shorty и многу други, а следат уште повеќе Дарио, Викторија Лоба, Гоце САФ, Aлександра јанева и 4 настапи на оркестри.
Од Скопје Сити Мол велат “Скопје мириса на цимет и варено вино... Дојдете во Skopje City Mall и почувствувајте ја вистинската празнична магија. Желбите се остваруваат ако силно посакаш и ако не се плашиш да сонуваш. Дојдете на новогодишниот базар и заедно да посакаме посреќна нова, пред најубавата елка во Скопје.”
Секој ден различна музичка бајка. Волшебство во градот – Дојди, посакај, сонувај
Во продолжение музичката програма до 31.12 на Новогодишен базар во Skopje City Mall
ПР објава