Вечна борба со себеси: Како да работите мудро, а не напорно?
Во денешниот неверојатно брз свет, препорачливо е да работите мудро, а не напорно...
Секој треба да се труди да постигне повеќе, да работи помалку, а секако, тоа е нешто што лесно може да се случи. Опкружени сте со бројни дистракции кој можат да ви го одвлечкаат вниманието од задачите на кои моментално работите, што на крајот ве доведува до помалку ефикасни резултати.
Во книгата на Крис Бејли, „Хиперфокус:
Како да бидете продуктивни во светот
на дистракција“, е презентирана вистинската разлика помеѓу зафатеноста и
вистинското работење, бидејќи тие навистина не се една иста работа.
Се` се сведува на вниманието и на она што ни го привлекува истото. Бејли вели дека целта не е да се работи повеќе, туку да се прават вистинските работи намерно, со цел. Сите работи на списокот не се еднакво задолжителни – обично оние кои најмногу ни го привлекуваат вниманието, се всушност оние задичи кои се најмалку критични. Примерот кој го користи Бејли е мејлот. Луѓето ги проверуваат своите мејлови на секои неколку минути, што е неопходно, но така само си го одзимаат вниманието од задачите на кои моментално работат.
Најдобриот начин за да почнете да работите паметно е секој ден да си поставите по три цели. Пред да започнете со работа или со проверување на мејлот, одберете три важни работи кои задолжително треба да ги исполните тој ден. Кога ќе ви заврши работниот ден, размислете за она што сте го постигнале.
Кога ќе се чувствувате изморено, обратете внимание на апликациите, друштвените мрежи и сајтовите кои ги посетувате. Тие посети можат да бидат многу несвесни додека работите, бидејќи ви е досадно или сте преморени. Кога ќе сфатите дека по автоматизам правите нешто такво, ќе успеете да го исклучите својот автопилот, кој не е нималку продуктивен.
На крајот, кога ќе се соочите со задачите од кои сте бегале се до крајниот рок, елимирирајте ги сите работи што ви го одземале вниманието. Човечките умови функционираат на начин што си бараат дистракција, тврди авторот на книгата. Наша работа е да го разбереме фактот дека нашиот ум на крајот вниманието му го доделува на она нешто што не прави најмногу среќни. Со самото тоа, додека луѓето се занимаваат со задачите кои не им се допаѓаат, лесно им е да го посветат вниманието на нешто друго.
Од витално значење е познавањето на точните работи кои ви го одвлекуваат вниманието, кога тоа се случува, за да можете да работите на тоа и да го промените. Кога ќе успеете во тоа, тогаш со сигурност ќе работите мудро, а не напорно.