Велат дека Тито бил вљубен во неа, заедно поминале неверојатни моменти: По загубата на 22 години постариот сопруг, денес се кае само за една работа (ФОТО)

Се вели дека на нејзината убавина не бил имун ниту Тито...

Холивудската дива, модел и модна икона од 50-тите години, Софија Лорен успеа да се здобие со статус на филмска легенда, но и божица на убавината на чие тело отсекогаш се восхитувале и мажите и жените.

Среќниот човек кој имаше посебно место во нејзиното срце беше италијанскиот продуцент Карло Понти. Тие се запознале кога Софија имала само 16 години, а иако на почетокот била само продуцент кој ја научил се од светот на шоу-бизнисот, набрзо нивната 22-годишна разлика не била пречка да бидат заедно.

Меѓутоа, во тоа време Понти бил оженет и имал две деца, а за развод било потребно да се добие потврда од Ватикан. Но, не ја добил, па во 1957 година заминале на патување во Мексико со сопругата каде се развеле.

Потоа тој се оженил со Лорен. Меѓутоа, по враќањето дома, сопружниците се соочиле со нови проблеми. Во Италија нивниот брак не бил признаен како легален.

Тие го обвинија Понтиј за бигамија, а Лорена за недозволена заедница. Немаа право ниту да се појавуваат заедно во јавност. Сепак, не сакајќи да се усогласат со општествените норми, парот ја напуштил земјата и живеел во странство долги години обидувајќи се да ја добие правдата.

Сепак, Лорен не сакала само брак - таа сакала да основа семејство и сонувала за мајчинството. За жал, тоа не бло толку едноставно. Актерката доживеала два спонтани абортуси, по што била подложена на хормонски третман. На крајот сето тоа се исплатеше.

Втор пат останала бремена на 34 години, но морала да води мирна бременост. Таа решила да ги послуша советите од докторите и со месеци водела затскриен начин на живот од хотелската соба во Женева.

Приказната за престојот на Софија Лорен на Бриони е особено интересна истата е раскажана во исповедта на Нада Будисављевиќ, сестрата на Јованка во книгата Жарко Јокановиќ „Мојата сестра Јованка Броз“. Инаку, постоеа гласини дека Тито бил вљубена во Софија, дека биле љубовници и сакале да готват зедно. Наводно Јованка знаела за аферата но молчела, сепак вистината била поинаква...

Нада изјавила дека Софија Лорен дошла во Брионе со својот едногодишен син. Секој ден се капела во морето, одмарала, готвела  во кујната на Тито и уживала.

-Подоцна ја објави книгата „Софија во кујна, со љубов“. Имше рецепти за сосови за шпагети. Бидејќи се правеа голема количина од тие сосови, се сеќавам дека ставаше телешко, свинско и пршута, но кога слушнав дека се употребени и осум килограми свежи домати, се изненадив. И беше навистина прекрасно. Вистински специјалитет. И тогаш сите го јадевме, сите заедно, беше прекрасно “, се сеќава сестрата на Јованка.

Во книгата раскажала како Тито готвел и за Софија Лорен. Тој лично подготвувал загорска штрудла, а Нада кажала дека не го видела ниту пред, а ниту потоа во кујната.

- Уживаше да го прави тоа, таму имаше и готвач, но тој инсистираше да ја направи штрудлата сам. Правеше штрудла со јаболка. Тито лично го разви тестото на маса и го тркалаше. Тој вистински уживаше. 

Инаку, Карло Понти беше нејзиниот сопруг, пријател, “татко“, продуцент и љубовник. Тој ја обликувал во она што е и заедно ги издржаа сите удари на судбината. Беа среќни, се сакаа и останаа заедно половина век, се до моментот кога Карло почина од компликации на белите дробови во 2007 година. Таа година требаше да ја прослават својата златна годишнина од брак.

Инаку, тие по втор пат се венчаа во 1966 година, а неодамна актерката изјави дека жали само за една работа. „Многу е тешко да се каже дека не се каеш за ништо... Единствено што жалам е што никогаш не се омажив во бел фустан. Тоа беше мојот сон кој сè уште е во мене“, изјавила за Radio Times.

Фото:youtube/screeshnot