Венеција Мебел – дел од јубилејното издание на Fashion Weekend Skopje

Во година кога Fashion Weekend Skopje powered by UniBank славеше 30 сезони постоење, Венеција Мебел имаше чест да биде дел од ова значајно културно и модно поглавје.

Со внимателен пристап кон дизајнот и почитување на концептот за минимализам, office просторот на Diamond Mall беше трансформиран во современ полигон на естетика и инспирација.

На барање на организаторите, Венеција Мебел создаде функционален, минималистички амбиент што служеше како идеална позадина за тридневната програма на ревии, презентации и off-активности. Простор кој ги спои модата, архитектурата и дизајнот во една заедничка приказна.

„Горди сме што сме дел од еден настан кој три децении успешно ја гради културната мапа на модата во Македонија. Нашата цел беше да ја поддржиме оваа визија со дизајн што зборува без вишок зборови – прецизно, автентично и во духот на современиот минимализам“, истакнуваат од Венеција Мебел.

Магичната енергија на Fashion Weekend Skopje 30, каде традицијата и иднината се испреплетуваат низ креативноста на младите и на етаблираните модни имиња, беше збогатена со просторот што ја поддржа нивната визија.

Венеција Мебел продолжува да биде верен партнер на современиот дизајн, инспирирајќи и поддржувајќи иницијативи што го слават уметничкото изразување.

ПР објава