Веро маркетите овозможија брза нарачка и достава на производи со услугата Vero Drive
Широката палета на производи во Веро маркетите во Скопје отсега е достапна за онлајн-нарачки преку услугата Vero Drive. Со посета на интернет-страницата https://verodrive.vero.com.mk потрошувачите имаат можност во било кое време да ги нарачаат потребните производи, бидејќи опцијата е достапна 24 часа и седум дена во неделата. Заинтересираните купувачи можат да одберат дали сакаат избраните производи да им бидат доставени до домот или самите да ги подигнат од Веро центар.
Оваа услуга им овозможува на потрошувачите да набават сѐ што им е потребно од големиот асортиман на Веро маркетите. Нарачувањето на производите може да се изврши во било кое време, додека превземањето е од пунктот во Веро центар. Плаќањето се врши при достава или подигнување на нарачката во готово или со картичка.
- Следејќи ги барањата и потребите на нашите потрошувачи одлучивме да им излеземе во пресрет и да им ја овозможиме оваа опција, со која на брз, практичен и безбеден начин можат да ги набават потребните производи. Услугата Vero Drive овозможува навистина широк асортиман за избор, исто како и во нашите маркети, а со оваа опција, продуктите на потрошувачите ќе им бидат директно достапни за нарачка, која што потоа ќе биде доставена до нивниот дом или преземена од нивна страна од Веро центар - истакнуваат од менаџментот на Веро.
ПР објава