Веро врши достава на производи до дома викендов, нарачките се прават телефонски

Веро отвори телефонски линии за нарачка на производи и нивна достава до домовите на потрошувачите овој викенд додека трае забраната за движење на граѓаните.Испораката на производите до дома важи за Скопје, Битола и Тетово и ќе се врши денеска (11.04)  и утре (12.04) во текот на целиот ден со цел Веро да им излезе во пресрет на граѓаните кои сакаат да се снабдат со производи од најразлични категории, како што се храна, пијалоци, средства за хигиена и дезинфекција, апарати и производи за домот и сл.

Производите може да се нарачаат телефонски од 7 до 20 часот, а граѓаните ќе ги добијат на домашна адреса во рок од 24 часа. Телефонските броеви за нарачка во Скопје се 075 488 129 и 075 499 782, во Битола се 075 488 124 и 075 488 126, додека во Тетово нарачките се прават на телефонските броеви 075 499 783 и 075 499 682. Наплатата се врши при испорака во готово и со платежни картички во Скопје, а во Битола и Тетово само во готово.

Веро секогаш ги следи актуелните случувања и се прилагодува на состојбите со цел да ги задоволи потребите и очекувањата на потрошувачите и во вакви специфични моменти.