Версаче за мажи: Во боја на лаванда со примеси на црно и иконичните шари на брендот

Версаче го прославува лансирањето на својата колекција пролет / лето за мажи со придружна кампања

Италијанската модна куќа за свои протагонисти ги ангажираше моделите Симон Брички и Рафаел Балцер, а позирајќи пред објективот на познатото дуо за модни фотографии, Мерт & Маркус, Симон и Рафаел оставаат навистина силен впечаток со помош на модните парчиња. Џејкоб К беше стилист по тој повод, а за Симон избра костум Версаче во боја на лаванда со кошула со интересна шара, додека Рафаел донесе модерно креирано класично одело со риги во комбинација со светло портокалова кошула и маичка.

Мерт и Маркус беа и фотографи за колекцијата Версаче Флеш, во која манекенките Луи Бене и Пако Диуф добија пет минути слава, позирајќи во студиото. Луис потенцираше модерни пропорции во црн комплет, додека Пако претстави спортски изглед со тренерка во колор блок на Версаче.