Верверицата со години му го полни автомобилот со ореви: Тој чисти, таа не отстапува

Еден човек пронашол речиси сто и педесет килограми ореви под хаубата на својот пикап, откако црвена верверица го претворила во своето зимско засолниште пред околу осум години.

Били Фишер измери вкупно 148 килограми црн орев сместен во секоја можна празнина и празен простор на неговиот модел Chevy Avalanche оваа година.

„Се борам со црвената верверица од 2013 година, ова стана еден вид ритуал во форма на полнење на мојот пикап со ореви и мое чистење на нејзините залихи. Агентот за осигурување тврди дека никогаш во животот не видел сличен случај, ниту пак забележал верверица додека не почне да созрева оревот што расте во близина на куќата и местото каде што овој човек го паркира возилото.

Тој додаде дека со текот на годините пробале различни методи за да го спречат ова суштество да го користи својот пикап како скривалиште, вклучително и прскање на телото со домашна смеса, но ништо не помогнало. 

Најмногу што успеале досега е да наполнат четири големи буриња, па овогодинешните седум буриња полни со залихи дефинитивно се рекордни за оваа мала итрица.

Бил додаде дека му е многу тешко и се чувствува лошо бидејќи мора да ја уништи нејзината напорна работа, но чистењето на неговиот пикап секоја година стана еден вид ритуал во кој ниту една страна не се откажува. „Морам да гледам на работите со одредена доза на хумор после толку години. Вложив напорна работа како верверица за да го расклопам мојот пикап и да извадам сè, полнејќи буре по буре со ореви“.