Вежба за трицепс која треба секојдневно да ја правите!

Навистина фантастична вежба...

Оние кои сакаат да имаат поголеми раце прават огромна грешка бидејќи целото внимание го пренасочуваат кон бицепсите, бидејќи мислат дека така ќе изгледаат поголеми ипосилни, но вистина е дека трицепсот всушност е поголем мускул и ако сакате да имате поголеми раце, тогаш мора да се посветите повеќе на трицепсите, отколку на бицепсите.

Иако постои огромен број вежби за трицепси, ние ќе ви покажеме вежба која ги носи најдобрите резултати и која ќе ви помогне да ги зголемете рацете за час. Станува збор за туркање на рацете над главата.

Вежбата се прави така што ќе седнете на стол, на кој може да се потпрете и во рацете ќе земете тег со тежина која вам ви одговара. Тегото ќе го подигате со двете раце над главата, а потоа ќе го пуштите зад вашата глава. Неколку секунди задржете го тегот, а потоа повторно вратете го над вашата глава.

Повторете ја вежбата 6 до 8 пати во 4 серии и тежината подредете ја така што осмото повторување ќе ви биде макисмумот.