Вежбаме со еден од најсилните луѓе во Македонија: И дома во топ форма

Сокро и да нема меѓународен бодибилдер натпревар каде тој не освоил награда. Признат и познат на поширокиот аудиториум, бодибилдерот, фитнес тренерот и човекот „карпа“- Тоше Зафиров не сака ни да слушне дека дома не можеме да вежбаме за да имаме одлично тело. Вели дека секогаш наоѓаме изговори ако нешто избегнуваме поради напор, ама менталната снага бара вистински пристап, волја, спремност и неоткажување.

Токму во овој период, кога коронавирусот не излолира со недели, Зафиров не гледа простор за паника и наместо во теретана, вежба дома со неговото семејство. 

И неговата сопруга има освоено многу награди на интернационално ниво, а ќерката е опкружена со родители кои и го пренесуваат здравиот начин на живот. 

За сите да не мотивираат, тие направија серија од фотографии за да покажат дека и дома може да се вежба. Се надеваме дека преку нив, ќе ве мотивираме креветот да го замените со лесни склекови, а фрижидерот да го одморите со кревање на лесни тегови.

Н.Т.