Вграден во мозокот: Чипот на Маск ставен во главата на трет пациент

Компанијата за мозочни импланти „Neuralink“ го постави својот уред кај трет пациент и планира да интегрира уште околу 20-30 импланти во 2025-та година, изјави нејзиниот основач Илон Маск, цитиран од „Bloomberg“.

„Сега имаме три лица имплантирани со ‘Neuralink’ и сите чипови работат добро“, рече Маск за време на настанот во Лас Вегас што беше емитуван во живо на неговата социјална мрежа „X“.

„Neuralink“ е дел од растечката група на стартапи кои развиваат мозочни импланти кои би можеле да помогнат во лекувањето на состојби како парализа и АЛС. Ова се експериментални процедури кои обично бараат отворање на черепот и ставање електроди во мозочното ткиво.

Пред една година, „Neuralink“ рече дека го вградил уредот кај својот прв пациент, Ноланд Арбо.

Компанијата моментално има две студии во САД за своите уреди регистрирани во Администрацијата за храна и лекови. Главната студија, која ќе вклучи приближно пет пациенти, им овозможува на парализираните луѓе да контролираат надворешни уреди како компјутери или паметни телефони со својот ум. Втората студија, наречена „Convoy“, е наменета за тројца пациенти и им овозможува да контролираат уреди како што се помошни роботски раце.