Тренд // Стил
Ви ги откриваме најпопуларните часовници за изминатата година: Еден е неприкосновен
Како што добро знаете, секоја година, но и секоја сезона, добиваме нови трендови, што значи дека сега е вистинското време да го избереме најдоброто меѓу нив. Овој пат, ќе зборуваме само за часовници кои го освоија целиот свет во текот на 2020 година.
Изненадувачки, Rolex го зазеде највисокото место на оваа листа, со дури четири неверојатни и класични модели: Submariner, Daytona, Datejust и Oyster Perpetual. Submariner е пребаруван околу 5,1 милиони пати, со околу 430 000 пребарувања месечно. Веднаш зад Rolex, на оваа листа се најде Audemars Piguet со неговиот модел Royal Oak, кој имаше вкупно 1,4 милиони пребарувања.
Откријте го комплетниот список во нашата галерија:
1. Rolex Submariner – 5.1 милиони пребарувања
2. Rolex Daytona – 3.8 милиони пребарувања
3. Rolex Datejust – 2.5 милиони пребарувања
4. Rolex Oyster Perpetual – 1.8 милиони пребарувања
5. Audemars Piguet Royal Oak – 1.4
Извор: Lux life.rs