Ви откриваме тајна како да носите патики и костум: Кул идеи за мажите со стил

Ќе ви ја откриеме тајната која ќе ви помогне совршено да ги комбинирате вашите омилени патики со елегантни костуми...

Чевлите можеби се најстилските обувки, но дефинитивно не се најудобните. Патиките се најпопуларниот тип на обувки со причина, бидејќи се удобни, лесни и можат да се носат во различни пригоди. Затоа многу мажи почнуваат да користат патики во свечени прилики и ги комбинираат со одела. Сепак, понекогаш оваа комбинација може да изгледа смешно и непривлечно, па затоа ви даваме неколку совети кои ќе ви помогнат да создадете одлична комбинација од костим и патики.

Обидете се да изберете одело што ќе одговара на вашиот карактер. Слободно поиграјте си со боите и дезените, бидејќи пролетта е и сезоната која носи шаренило по белата зима. Обидете се да избегнете деловен изглед, затоа избегнувајте темни костуми. Обидете се со светло сини, зелени и борди бои. Вашата кошула игра важна улога во оваа комбинација, бидејќи како што знаете, пролетта може да биде многу измешана кога се во прашање температурите. Често ќе се случи да морате да ја соблечете јакната, а кога тоа ќе се случи, вашата кошула станува впечатлив моден детаљ. Погрижете се вашата кошула да биде стилска и да одговара на вашиот костум. Не дозволувајте кошулата премногу да се издвојува од оделото, само чувајте ја во убава и модерна хармонија.

Патиките се од големо значење во овој аутфит, бидејќи нагласуваат дека не сте на деловен состанок. Патиките го разбиваат бизнисот и понекогаш може да создаде строга монотонија кај оделата. Вашите патики треба да бидат стилски и да се сложуваат добро со вашата облека. Избегнувајте премногу спортски типови на патики, бидејќи тие ќе бидат премногу контрастни со оделото. Обидете се да изберете рамна патика која е спој на спортски и елегантен изглед.

Сепак, она што мора да го запомните е дека патиките мора да одговараат на барем еден елемент што е на вас. Најдобрата комбинација ќе ја постигнете ако ја усогласите бојата на патиките со бојата на кошулата, додека пак вашиот костум може да направи контраст. Патиките можете да ги усогласите и со вратоврска и на тој начин да создадете стил кој ќе се издвојува од толпата.

Погледнете ја галеријата за да видите како мажите на Инстаграм го прават тоа:


ФОТО: Пинтерест/Инстаграм

Извор: машкимагазин.рс