ВИДЕО: Адеми го сруши Шкупи, со еден гол Динамо Загреб го елиминира македонскиот првак

Динамо Загреб со голот на Аријан Адеми по само две минути игра во вториот дел, донесе победа за хрватскиот шампион на арената „Тодор Проески“.

 Адеми погоди во 47 минута, во натпревар на кој и двете екипи имаа свои шанси на мечот. Динамо Загреб со вкупни 3-2 оди во следното квалификациско коло, поради победата во Скопје со еден гол.

За Адеми ова е 13-ти европски гол во дресот на Динамо Загреб. Шкупи одлично одигра вечерва, имаше серија на шанси,  не искористи ниту една, Цефас имаше две, по една во првиот и вториот дел, се заканија  Хамиди и Куевен...

Следно за Шкупи е трето коло во квалификациите за Европа лигата, противник е Шамрок од Ирска, првиот натпревар е на програмата четврти август ,  реваншот во Скопје е  седум дена подоцна.