ВИДЕО: Адеми во топ форма, гол за македонскиот репрезентативец, Динамо Загреб запиша победа

Динамо Загреб победи на гостувањето кај Локомотива со 2-1, автор на еден гол за „модрите“ беше македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Адеми кој е капитен на Динамо Загреб, погоди по само 6 минути игра, за 0-1. Куленовиќ израмни на 1-1 во 13 минута, а Петковиќ ги постави конечните 1-2 во 47 минута.

Динамо Загреб со новите 3 бода има 28 на табелата каде е лидер пред Хајдук со 17 бода, но клубот од Сплит има и натпревар помалку.

ВИДЕО од голот на Адеми:

https://twitter.com/dribling2021/status/1571543310778384384