ВИДЕО: Алкараз е победник на УС Опен, тенисот има нов „крал“

Шпанецот Карлос Алкараз го победи Каспер Руд од Норвешка во финалето на УС Опен со 3-1, по сетови 6:4, 2:6, 7:6(1) и 6:3, мечот траеше 3 часа и 21 минута.

За Алкараз ова беше прво финале во кариерата на Гренд слем турнир, и успеа да победи.

Шпанецот има само 19 години и тој ќе биде прв на АТП листа, испиша историја, тој е прв тинејџер на кого ова му успеало.

„За ова сонував како дете, кога започнав со тенисот, да бидам број 1 во светот, да бидам шампион“, изјави Алкараз.

Руд со пласманот и поразот во финалето од денес ќе биде втор на АТП листата.

ВИДЕО: 

https://twitter.com/dribling2021/status/1569211494629539842