ВИДЕО: Андон Дончевски им посака успех на репрезентативците, доби дрес од капитенот Стефан Ристовски

Првиот селектор на македонската репрезентација, Андон Дончевски им посака успех на нашите фудбалери во квалификациите за ЕП 2024.

Андон Дончевски беше на тренингот на нашиот национален тим, доби и подарок нов дрес со кој ќе настапува А- селекцијата.

Во негов стил, им посака успех.

„Јунаци, моја почит кон сите вас. Македонскиот фудбал го кренавте. Јас го почнав, тешко, меѓутоа знаев дека ќе дојде и генерација како вас“, им рече Дончевски на фудбалерите.

ВИДЕО: 

https://fb.watch/jpSduNZzbG/


Нашиот национален тим се подготвува за првиот  меч од квалификациите за пласман на Европското првенство во Германија во кој ќе ја пречекаме Малта в четврток на „Тодор Проески“ арената од 20.45 часот.