ВИДЕО: Барди е во Турција, македонскиот репрезентативец потпишува за Трабзонспорт

Енис Барди ќе биде нов играч Трабзон, македонскиот репрезентативец пристигна во Турција, следуваат прегледи и потпис за турскиот тим.

„Среќен сум што ќе бидам играч на Трабзонспорт, сега ќе се сретнам со тренерот и со моите нови соиграчи, голема чест е да се биде дел од шампионски тим. Играњето во Лигата на шампионите е голема мотивација за мене, се надевам дека ќе успееме во тоа“, изјави Барди.

Според информациите од Турција, Барди ќе потпише договор на три години.

https://twitter.com/dribling2021/status/1557728388067930120