Спорт // Спорт
ВИДЕО: Белграѓани му приредија спектакл, за ова се живее, порача Ѓоковиќ
Белград го пречека старо-новиот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ беше поздравен со аплаузи од илјадници свои навивачи во престолнината на Србија.
Ѓоковиќ им се заблагодари, стигна до седмиот трофеј на Вимблдон, а вкупно 21. Грен слем во кариерата.
„Ова беше тешка година за мене, имав тежок почеток, но што е тука е. За ова се живее, ова се најубавите моменти во животот, прекрасни сте, ништо не би можел да направам без вашата поддршка. Троефеите се трофеи, но овие моменти се незаборавни, ви благодарам на сите што дојдовте“ – порача Ѓоковиќ.
ВИДЕО: