ВИДЕО: Брегалница го реши шампионот Шкупи, во Тетово Шкендија запиша победа против Работнички

Брегалница го демолира новиот шампион Шкупи во Штип, решавачки беа головите на Милан Џокиќ кој постигна два гола, Мартин Стојанов и Марјан Алтипармаковски запишаа по еден, единствениот гол за гостите од Скопје е дело на Сандеј Дамиларе Адетуњџи.

https://twitter.com/dribling2021/status/1520431986711670784


Шкендија во Тетово го победи Работнички со голот на Љупчо Дориев во 58 минута.

Утре се играат останатите средби, дербито е во Ѓорче Петров каде Македонија ја пречекува Академија Пандев. 


Недела:

Македонија ЃП – Академија Пандев (17-00 ч.)

Пелистер-Тиквеш (17-00 ч.)

Ренова – Струга ТЛ (17-00 ч.)

Борец – Скопје (17-00 ч.)