ВИДЕО: Чурлинов асистент, Шалке со епски пресврт победи и се враќа во Бундеслигата

Шалке го победи дома Сент Паули со 3-2 иако губеше со 2-0, стигна до пресврт победа и обезбеди враќање во Бундеслигата на коло пред крајот, македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов одигра уште еден фантастичен меч, асистираше и играше до 79 минута.

Со головите на Хрватот Матановиќ, Сент Паули и го доби првиот дел со 2-0. Следуваше одговор, Шалке со головите на Тероди и тоа два, и еден победнички на Залазар стигна до епска победа и враќање во Бундеслига 1.

Дарко Чурлинов асистираше при вториот гол, кој можете да го погледнете овде:

https://twitter.com/dribling2021/status/1523034740936232960