(ВИДЕО) Чурлинов: Треба да се анализираме самите, да се средиме, и да одиме на победа против Гибралтар

Македонија загуби од Грузија во Скопје со 0-3, висок и убедлив пораз, со сите голови примени во вториот дел.

Дарко Чурлинов смета дека треба да се поправиме, и да направиме се да го победиме Гибралтар в недела, тие денес одиграа нерешено 1-1 со Бугарија.

„Имавме две три грешки кои Грузија ги искористи, сега треба да се средиме, и да одиме на победа, има вакви натпревари, немавме среќа во завршните делови од акциите, има вакви натпревари, треба да се анализираме самите, и да се концентрираме на следниот натпревар. Мораме да се кренеме за следниот натпревар, останува на нас да ги средиме „главите“ и да ги земеме трите бода“ – вели Чурлинов.

ВИДЕО: 

https://twitter.com/dribling2021/status/1535012320677617688