ВИДЕО: Црвена Звезда шампион во АБА, прекини, празна сала, скандали во финалето

Црвена Звезда запиша победа против  Партизан со  80-77,  финале во АБА лигата, мајсторката доннесе борба, прекини, празни трибини и скандали...

Во третата четвртина имаше прекин, откако поради скандалозното однесување на навивачите, судиите беа мета, целата сала беше испразена.

Најефикасен кај победничката екипа  беше Давидовац со 13 поени,  Волтерс мечот го заврши со 12, додека Калиниќ со двоцифрени 11.

Партизан иако го имаше расположениот Кевин Пантер, кој запиша 27 поени сепак загуби.

Ова е шеста титула за Црвена звезда во АБА-лигата со што се израмни со вечниот ривал Партизан во АБА конкуренцијата.

https://twitter.com/b92sport/status/1533921377924808713