ВИДЕО: Црвена Звезда загуби 16 милиони евра, автоголот на Павков кобен за шампионот на Србија

Црвена Звезда е еден од најголемите трагичари сезонава во Лигата на шампионите, беше блиску до пласман во групната фаза на елитното натпреварување на УЕФА, но автоголот на Павков во 90 минута на мечот со Макаби во Белград, го елиминира шампионот на Србија, средбата заврши 2-2, првиот натпревар се одигра со резултат 1-0 за израелците.

Со овој пораз, Црвена Звезда загуби загарантирани 16 милиони евра за учество во групната фаза во Лигата на шампионите. УЕФА дополнително наградува со 930.000 евра за секој бод, ако на ова се додадат и средствата од ТВ правата, тогаш белграѓани пропуштија да инкасираат над 20 милиони евра.

Ако е за утеха на Црвена Звезда, тие ќе играат во групната фаза на Европа лигата, а од УЕФА сега ќе добијат 11 милиони евра, 5 за плејофот во ЛШ, 3,63 за Европа лигата, и дополнителни 2,5 милиони за коефициент.

Автоголот на Павков со кој Црвена Звезда загуби сериозни милиони од УЕФА:

https://twitter.com/dribling2021/status/1562335621452124160