(ВИДЕО) Драма во Лондон: На сред бел ден Озил спасен од напад, Колашинац е новиот херој!

Вистинска драма се случи пред еден турски ресторан во Лондон, кога германскиот фудбалер Месут Озил се најде како жртва на напад и грабеж..

Актуелниот фудбалер, Месут Озил од Германија, кој моментално е во дресот на Арсенал, вчера беше нападнат од двајца крадци. Додека се обидувал да влезе во автомобилот, двајца маскирани со кациги посегнале по него  со ножеви во рацете.

За вистинска среќа, Озил не бил сам, туку од совозачкото седиште излегол неговиот соиграч Сеад Колашинац, кој бестрашно им пријдол и им се спротивставил.

Колашинац излезе херој во секоја смисла на зборот, после немилиот настан, додека Озил од целата неочекувана ситуација беше преплашен.

Никој не очекувал ваква драма на сред бел ден, што било шокирачки за сите луѓе, што се нашле на местото или во близина на настанот. Полицијата пристигнала во најскоро време, а целата улица била блокирана.


Денес на интернет кружат милиони честитки и пофални зборови за Колашинац, кој свесно и бестрашно изреагира над ситуацијата и секако го спаси својот соиграч од нападот со ножеви, но и од грабежот кој беше првична цел на случката.


извор: theguardian.com