(ВИДЕО) Ефтините патосници за автомобилот можат да ве убијат!
Еве зошто не треба да купувате ефтини патосници, туку треба да ги пронајдете вистинските кои му одговараат на вашиот автомобил...
Патосниците во
автомобилот не се неопходни, но се доста значајни, особено во одржувањето на
вашиот метален миленик. Патосниците служат за да ја собираат прашината и да го спречат
валкањето на тепихот на возилото. Секој автомобил поседува свои фабрички
патосници кои точно одговараат на вашиот автомобил и ние ве советуваме
исклучиво истите да ги купувате и користите.
Можеби ова ќе излезе малку поскапо, но верувајте дека така ќе бидете побезбедни. За многу возачи патосниците не претставуваат никаква опасност, но ако имате универзални патосници во автомобилот, можете да наидете на проблеми кои можат да ве убијат.
Патосниците кои не се оригинални не можат убаво да се вклопат во вашиот автомобил и можат да ве доведат во ситуацијата до заглавување на педалата, чиј краен резултат може да биде кобен за возачот, но и за патниците.
На видеото може да видите резултати од судар кој се случил како последица од заглавување на педалото за гас, токму поради несоодветни патосници. Возачот не можел да ја намали брзината, бидејќи педалото му се заглавило со патосницата и додека да го подмести со ногата, веќе било прекасно.
Затоа секогаш купувајте оригинални патосници, кои се наменети специјално за вашиот модел на автомобил.