(ВИДЕО) Елмас запиша гол од пенал па изјави, важна е само една работа ...

Елиф Елмас изнуди пенал и потоа самиот го реализираше на мечот со Сампдорија на кој лидерот Наполи победи со 0-2 во Џенова.

Македонскиот репрезентативец одигра перфектен натпревар и секако беше задоволен од тоа што го прикажа на теренот.

„Не ми пречи на која позиција игра, важно е Наполи да победува. Среќен сум поради голот. Знаев дека ќе погодам. Покажавме дека сме тим кој функционира како семејство, се боревме до самиот крај“, кажа Елмас.


ВИДЕО од голот на Елмас:

https://youtu.be/syzUvPAD7EU